Тие прават одлична работа со нив. Особено во последните 10 години. Поточно, списокот за аналитика на „App Annie“ покажува дека Фејсбук во своја сопственост има четири од најпопуларните апликации во светот.
Facebook, Facebook Messenger, WhatsApp и Instagram се рангираат на првото место на листата на најпопуларните апликации за уреди со Android и iOS. Сите четири апликации се во сопственост на Фејсбук.
Во првите пет се најде и Snapchat, следен од Skype, а потоа следуваат TikTok, UC Browser, Youtube и Twitter.
Овие податоци јасно говорат за доминацијата на Фејсбук од секојдневниот живот на луѓето од 2010 година до денес.
Апликацијата „Фејсбук“ дефинитивно стана клучен дел од рутините на луѓето, така што тие генерално не ја напуштија платформата по скандалот со преземањето приватни податоци и лажните вести.