Заболувањето од рак не зависи од пушењето?!

Сподели со своите пријатели

Според американски експерти развојот на карциномот не е поврзан со пушењето. Изводот е направен врз основа на анализите на мумија стара 2200 години. Мажот кој некогаш живеел страдал од рак на простатата.

По тоа време пушењето не било познато ниту пак постоело глобалното загадување на животната средина, издувните гасови на автомобилите, ниту пак озонската дупка – фактори кои според современата наука се посочени како основни виновници за појавата на оваа страшна болест.

Студиите на оваа тема велат дека ракот во 90% од случаите е наследна генетски пренослива болест и тоа дали даден организам ќе го развие или не зависи многу малку од начинот на живот.

Науката сепак потенцира дека е подобро човек да се откаже од цигарите бидејќи тие се во основата на редица болести на срцето и крвните садови кои во некои случаи можат да се опасни не помалку од карциномот.