За време на пандемијата, Џонсон прашувал дали фен за коса може да го убие коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го прашал врвниот британски научник и медицински експерт за време на пандемијата „Ковид-19“ дали е можно да се користи фен за да се убие вирусот, изјави неговиот поранешен главен помошник Доминик Камингс.

Loading...

Камингс, во писмен поднесок како дел од истрагата за коронавирусот, рече дека во еден момент од пандемијата, Џонсон „препратил видео од маж како дува специјален фен за коса во носот „за да го убие Ковид““.

Камингс, кој беше отпуштен од Џонсон во 2020 година, во документот од 115 страници рече дека Џонсон потоа ги прашал главниот научен советник на владата на Обединетото кралство, Патрик Валанс и главниот медицински службеник Крис Вити „што мислат тие“.

Поднесокот не кажува како одговориле највисоките функционери.

Видеото, кое Џонсон го испрати до врвните советници и официјални лица преку апликацијата WhatsApp, оттогаш е отстрането од YouTube, пишува Politico.

Поранешниот премиер, како и неговиот наследник Риши Сунак, треба да сведочат на истрагата подоцна оваа есен.