За викенд се очекува сончево време и високи температури

Сподели со своите пријатели

Конечно претежно ведро време низ земјава. Мала облачност која доста доста бргу ќе се расчисти има во поречкиот и малешевскиот регион.

Loading...

До крајот на денот ќе се задржи претежно ведро време. Ќе дува сосема слаб ветер, додека долж повардарието ќе дува повремен умерен северозападен ветер.

Ќе биде умерено топло, максималната температура во повардарскиот и источниот крај ќе достигне вредност помеѓу 27°С и 32°С.

Максималната ќе достигне вредности околу 26°С во пелагонискиот и охридско-преспанскиот регион.

За време на претстојниот викенд очекуваме релативно сончево време. Само во сабота ќе има сосема мало зголемување на облачноста во источниот дел од земјата, но без потенцијал за дожд.

Во сабота максималната температура ќе има вредности во границите од 28°С до 33°С, додека во недела се очекува максималната да биде пониска, но само за околу еден целзиусов степен.

Во текот на двата дена ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Вредноста на УВ  индексот ќе биде 8.

Loading...