Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утре не` очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Од страна на Националната хидрометеоролошка служба е издадено жолто предупредување за невреме со грмотевици.
Утре во попладневните часови се очекува поизразена нестабилност со интензивни поројни дождови над 30 литри на метар квадратен, грмежи и засилен ветер. Во северните и југозападните делови од земјата ќе има и појава на изолирано невреме.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Куманово утре не` очекува дождливо време проследено со грмотевици и ветер од западен правец.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен, додека минималната ќе се спушти до 17 степени целзиусови.