Како што информира Државната пазарна инспекција, во периодот од 13 до 16 јули, од страна на Државниот пазарен инспекторат, извршени се вкупно 569 надзорни контроли, и тоа во регионот на Охрид, Битола, Струмица, Штип и Куманово.
Државниот пазарен инспекторат – Одделение Куманово, во гореспоменатиот период издаде едно решение за привремена забрана во траење од 15 дена по Закон за трговски друштва, како и еден платен налог во износ од 30.750 денари по ЗТД.
Кај еден правен субјект, наплатен е еден платен налог по ЗТД во износ од 15.400 ден.