За прв пат во историјата: Геј паровите во Англија ќе можат да добијат благослов од свештеник

Сподели со своите пријатели

Геј паровите во Англија за прв пат во историјата ќе можат да добијат свештенички благослов во црква.

Loading...

По повеќе од осум часа интензивна дводневна дебата, Синодот на Англиската црква гласаше за тој предлог, а реформата беше поддржана од мнозинството бискупи, свештеници и други членови на тоа тело, со 57 отсто за и 41 проценти против, пишува британски Тајм, пренесува Танјуг.

Наводно, ќе им овозможи на геј паровите во долгорочни врски, вклучително и граѓански партнерства и граѓански бракови, да дојдат во црквата за услуги и благослов.

Бискупот од Оксфорд, пречесниот Стивен Крофт, ова го нарече историски чекор.

– Истополовите парови ќе станат многу повидливи и нивните врски ќе бидат јавно прославени и мислам дека ова ќе продолжи да ги менува ставовите во црквата. Тоа е една од причините зошто тоа е толку значаен чекор – изјави тој за британскиот весник.

Епископите имаат рок до јули да поднесат конечен нацрт на молитви и благослови кои ќе се користат за геј паровите и дали на геј свештениците ќе им биде дозволено да склучуваат граѓански бракови.

Првите благослови за геј паровите би можеле да се случат уште ова лето, но ниту еден свештеник или парохиски свештеник нема да биде обврзан да понуди таков благослов.

Членот на Синодот, Вики Брет, ги повика црквите да се изјаснат на нивните веб-страници дали ќе им дадат благослов на геј паровите, за да избегнат „секаков срам и повреда кога ќе побараат благослов што можеби нема да го добијат“.

Loading...

Свештеникот д-р Том Вулфорд предупреди дека некои парохии би можеле да бидат поделени околу ова прашање, доколку има разлика во мислењето меѓу свештеникот и собранието.

– Поминавме долг пат за да дојдеме до оваа точка. Англиската црква за првпат јавно, безрезервно и радосно ќе ги пречека истополовите парови во црквата – истакнаа во заедничката изјава надбискупот од Кентербери, пречесниот Џастин Велби и надбискупот од Јорк, пречесниот Стивен Котрел.

– Црквата сè уште има длабоки разлики по овие прашања кои одат во сржта на нашиот човечки идентитет. Како архиепископи, ние сме посветени на почитување на совеста на оние за кои ова оди предалеку и бараме да се погрижиме да ги имаат сите потребни гаранции, со цел да се одржи единството на Црквата во продолжението на разговорот. Се надеваме дека денешната промислена, молитвена дебата означува нов почеток за Црквата додека бараме пат напред – велат тие.

Епископот од Лондон, Сара Мулали рече дека ова е момент на надеж за Црквата. Знам дека она што го предложивме како пат напред не оди ни приближно доволно далеку за многумина, но е предалеку за други. Мојата молитва е она што беше договорено денес да претставува чекор напред за сите нас во Црквата, вклучително и ЛГБТ луѓето, бидејќи остануваме посветени да чекориме заедно, изјави таа.

Џејн Озан, водечки ЛГБТ активист во Синодот, се воздржа откако беше додаден амандман на предлозите со кои се изразува одобрување на фактот дека бискупите избрале да останат на својот став да не ги поддржуваат венчавките во црквата на хомосексуалците.

Еден амандман на предлогот бара од бискупите да гласаат за истополови бракови во следните две години.

Ова го поддржале 45 отсто од членовите на Синодот, а 52 отсто биле против. Секое идно гласање за истополови бракови бара двотретинско мнозинство, пишува Тајм.