За денес издадено жолто предупредување за дожд и невреме со грмотевици

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеорлошки работи, денес нашето подрачје постепено ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, а кон крајот на денот ќе продира и посвежа воздушна маса од северозапад со умерен северозападен ветер, при што ќе настапи односно ќе следува значителна промена на времето, а Националната хидрометеролошка служба издаде жолто предупредување за дожд и жолто предупредување за невреме со грмотевици.

Loading...

Сепак недела ќе започне со претежно сончево и топло време, но попладне најпрвин во западните делови, а кон крајот на денот и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, особено во северните и југозападните делови.

Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта, а на места ќе бидат побилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи, особено на југот и западот од земјава.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 10 до 19, а највисоката дневна од 27 до 34.

Што се однесува до Куманово и околината, во попладневните часови ќе следува дестабилизација на временските услови со што ќе имаме пороен дожд проследен со силни електрични празнења, на места и во форма на невреме.

Температурата во Куманово ќе биде од минимални 15 до максимални 30 степени целзиусови.

Што се однесува до наредните денови, во понеделник времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната. Потоа следува период период на променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, особено во јужните и источните делови од државата.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.