Нашето подрачје изминативе денови беше под влијание на циклонска активност и времето беше променливо облачно со врнежи од дожд.
Во претходните 72 часа (за период од 27.03.2025 год од 08 часот до 30.03.2025 год. до 08 часот) на повеќе места наврна поголема количина на дожд (во l/m2):
75 Пожар-Радовиш,
67 Гевгелија,
63 Струмица,
61 Штип,
60 Демир Капија,
49 Попова Шапка,
47 Берово,
45 Пожаране,
44 Виница,
43 Скопје-Петровец, Куманово,
41 Крушево,
39 Крива Паланка, Ѓуриште,
37 Маврови Анови,
36 Прилеп,
30 Велес, Претор,
29 Битола, Тополчани,
25 Лазарополе,
21 Кавадарци,
18 Тетово,
15 Охрид.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.