Интернет пребарувачот „Yahoo“ ја објави листата на најбарани имиња и поими во 2015 година, наведувајќи дека осум од првите десет места ги заземале познатите личности.
На првото место на листата најпопуларни се наоѓа починатата Боби кристина Браун, ќерката на пејачката Витни Хјустон, која почина на 22 јули.
„Yahoo“ наведува дека вториот најбаран поим во 2015 година бил ајфонот.
Трансродната Кејтлин Џенер се наоѓа на третото место на листата најпопуларни пребарувања, а веднаш зад неа е нејзината ќерка Кендал Џенер, манекенка и ријалити ѕвезда.
Веднаш зад нив, на листата на „Yahoo“ се наоѓа Ким Кардашијан, која го зазема седмото место.
Компанијата соопштува дека меѓу популарните поими и имиња се наоѓаат и видео играта „Мајнкрафт“, актерката Џенифер Анистон и пејачката Кејти Пери.
Најбараниот поим во 2014 година, ебола, оваа година не се најде на листата најбарани поими.