Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” на својата фан страна соопшти дека соработката со играчот Вукашин Мандиќ од Србија е продолжена на уште една година со ставање потпис на нов едногодишен договор со оваа екипа.
Loading...
За Вукашин Мандиќ кој игра на позиција крило и крилен центар, новиот договор значи продолжување со настапи за КК Куманово трета година по ред.
Минатата сезона, Мандиќ во просек постигнуваше по 15 поени , а имаше скор и од 4,3 асистенции и 5,8 скока по натпревар.
Во пресрет на новата кошаркарска сезона, КК Куманово засега го обнови договорот со Александар Костоски, а за нов тренер го назначи Љубомир Луковиќ.