Според метеоролозите на УХМР, денес се очекува умерено облачно и посвежо време со сончеви периоди, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.
Loading...
Максималната температура ќе се движи во интервалот од 5 до 10 степени.
Утре се очекува променливо облачно во претпладневните часови, додека попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Денеска и утре под влијание на постуден воздух од север ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време.