Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки рабори во текот на денешниот ден не очекува сончево време со умерена облачност и умерен ветер од променлив правец.
По одделни котлини, ќе има појава на утринска слаба магла и ниска облачност. Температурата во минимум ќе се движи од -1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 14 до 19 степени целзиусови.
Во околината на Куманово денеска не очекува претежно сончево и тивко време. Температурата во утринските часови ќе изнесува околу првиот степен над нулата, додека во текот на денот темпратурата ќе достигне и до 15 степени целзиусови.
Следува подолг период на стабилно и суво време. Утринските температури во следните денови ќе опаѓаат и на места ќе се спуштат под нулата. До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, стои во соопштението од УХМР.