И вториот ден од викендот ќе не послужи во однос на временските услови, а може да се каже дека ќе биде и за нијанса подобар од причина што недела нема да биде ветровита како што беше сабота, пишува порталот МетеоПро.
Претежно ведро време ќе се задржи во поголем дел од денот. Дури приквечер се очекува постепено наоблачување во северниот регион. Наутро ќе биде свежо, но без особено „навлегување во негатива“ низ пониските места. Минималната температура само локално ќе се спушти до вредности околу 0°С.
Максималната температура ќе биде во границите од 16°С до 19°С во котлините од источниот и повардарскиот регион, а во котлините низ западот околу 15°С.
Во Куманово денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и температура до 14-от степен, која во текот на ноќта ќе се спушти до 0.