Денот на дрвото ќе ни започне со сосема слаба утринска магла во дел од котлините и речните текови, а во останатиот дел од држаавата ќе имаме блага облачност, информираат од метеопро.мк.
Во попладневните часови ќе настапи разведрување на територијата на поголемиот дел од државата.
Температурите повторно беа во негатива односно околу 1 степен под нулата, додека максималните дневни вредности се очекува да достигнат од 11 до 15 степени целзиусови.
Во Куманово и околината и денеска се очекува релативно облачно време, со минимални услови за краткотраен дожд во одредени делови, според информациите на порталот accuweather.
Што се однесува до температурата од утринските -1, во текот на денот ќе имаме 10 степени целзиусови како максимална температурна вредност.
Слично време ќе продолжи и во наредните неколку денови.