Денеска не очекува сончево и релативно топло време за овој период од годината, со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.
Одделно по котлини ќе има слаба појава на магла, особено во Повардарието. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од јужсн правец. Максималната дневна температура ќе биде во рамките од 17 до 23 степени целзиусови.
Во околината на Куманово денеска не очекува релативно тивко и сончево време со мала до умерена облачност. Утринските температури повторно се во опаѓање, па така кумановци денес се разбудија на еден степен над уналата, а во текот на денот максималната вредност ќе достигне само до 16-от степен.
Вакво време може да очекуваме се до сабота, односно високи температури кои се невообичаени за овој период од годината.
Веќе во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во недела ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи.