Сончево и потопло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
Ќе дува слаб до умерен ветерпретежно од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 6, додека максималните ќе достигнуваат од 17 до 23 степени.
Времето во Куманово ќе биде претежно сончево со мала облачност и температура до 19 степени целзиусови, кои во текот на ноќта ќе се спуштат до 4-от степен.
Следува период на стабилно, суво и топло време, велат од УХМР. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, а дневните на повеќе места ќе надминуваат 20 степени.
Најтопло се очекува во петок и сабота, кога максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени.