Временска прогноза за продолжениот викенд во Македонија

Сподели со своите пријатели

Во текот на продлжениот викенд се очекува релативно пријатно време. Сите три дена нудат претежно сончево време. Можно е мало наоблачување со услови за слаб и сосема локален дожд во западниот регион во недела попладне.

Loading...

Ветерот овие три дена ќе биде сосема слаб.

Утрата ќе бидат свежи, а деновите топли. Максималната температура во петок од 19°С до 24°С. Сабота потопла. Долж повардарие и овчеполскиот крај максимална од 25°С до 29°С, а низ останатите низински места максимална околу 24°С.

Недела најтопла. Макималната температура во однос на саботната ќе биде во пораст за околу 2°С

Сите три дена ќе имаат висок УВ индекс, па затоа неопходна е соодветна заштита.

Leave a Reply