Вработена во ПАКИ – ТРЕЈД се спротиставила на вооружен крадец

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно околу 21,30 часот во Куманово, на ул.„Октомвриска Револуција“, во маркет „Паки Трејд“, непознат маскиран сторител, со закана со нож извршил разбојништво во обид.

Loading...

Имено сторителот влегол внатре и ја присилил вработената да влезе вовнатрешноста на маркетот, по што започнал со пребарување и во еден момент обидувајќи се да отвори една од фиоките, истата со едната рака го фатила сечивото од ножот, додека со другата почнала да го удира во пределот на главата, по што сторителот избегал.

Од страна на полициски службеници сторителот е пронајден и приведен и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Leave a Reply