Вработен во ФЗЦ починал без медицински третман поради неплатено здравствено осигурување (видео)

Сподели со своите пријатели

Протестираме поради десетти по ред неисплатен личен доход, и нашето трпение го достигнува својот максимум, велат работниците во кумановската фабрика ФЗЦ ”11 Октомври”, кои денес се собраа на протест во кругот на фабриката за да го изразат својот револт заради неисплатени лични доходи и немање здравствено осигурување.

Loading...

DSC_0010 copy

Просекот на вработените во фабриката е 55 години. Што да прават тие луѓе без здравствено осигурување ако се знае дека нашето здравство работи со закажување термини и ако верувате, еден наш вработен почина од глад, вели Слободан Јовановски, член на синдикатот од фабриката.

Нели е срамота со 35 години работен стаж да ме третираат на овој начин, без денар во џебот, реагираше на денешниот протест, Благоја Јовановски,  вработен во фабриката за заварени цевки и профили.

Производството на нашата фабрика не е сопрено, и затоа си ги бараме нашите плати. Денес не бараме помош. Не бараме плата од новите газди, вели Марјан Серафимовски, вработен во ФЗЦ.

Loading...

По денешните протести, побаравме одговор од сопствениците на 51 процент акции во кумановската фабрика да дадат свој коментар на обвинувањата на дел од вработените дека се врши притисок, нивните акции да бидат откупени по 550 денари по акција.

Одговорот како што бевме информирани ќе биде испратен во писмена форма.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *