Жител на општина Липково бил санкциониран откако полицијата го „уловила“ како се движи со своето возило со брзина од 146 километри на час.
– Денеска (14.03.2024) околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат оттаму, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Никола Ивановски