Вонредна крводарителска акција во Куманово поради недостаток на крв

Сподели со своите пријатели

Поради недостаток на крвни единици, Црвен крст Куманово организира крводарителска акција во среда во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

– Ве повикуваме заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд и опасност од недостаток на одредени крвни групи. Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв, стои во повикот на Црвениот крст.

Крводарителската акција  ќе се реализира на 14.08.2024 година (среда) во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од 09 до 15 часот.

Никола Ивановски