Војната ќе се решава во следните три недели, вели американскиот генерал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пензионираниот американски генерал и поранешен заменик-секретар за одбрана на САД за Европа и НАТО, Михал Рајан, ја коментира војната во Украина во интервју за Sky News.

Loading...

Тој рече дека иако Русите ги промениле своите цели и сега се фокусираат на источна Украина, главното прашање ќе биде дали руските сили ќе успеат да се прегрупираат и да организираат доволно борбена моќ за да бидат успешни со „многу искусни“ украински сили во Донбас.

 

За денеска се договорени девет хуманитарни коридори во Украина

 

„Следните три недели ќе бидат клучни. Тоа ќе одлучи за исходот на војната“, рече Рајан.

„Ако ние на Запад успееме да го засилиме испраќањето оружје и опрема во Украина, да го подигнеме на нивото на воздушниот мост во Берлин од времето на Студената војна, Украинците навистина можат да излезат како победници од војната“, рече тој.

Што значи именувањето на Дворников за командант на руските сили во Украина?

Loading...

Зборувајќи за назначувањето на рускиот генерал Александар Дворников за командант на сите руски сили во Украина, Рајан рече дека верува оти новиот командант ќе се врати на „класичната руска тактика“, која вклучува „насилни воздушни напади и артилерија“.

 

Украински функционер: Руската офанзива во Донбас веќе започна

 

„Ќе им биде тешко бидејќи, според нашите проценки, едноставно немаат доволно енергија да извршат ваков тип на напад. Резултатот ќе биде голема бруталност, како што предвиде украинскиот претседател Зеленски. Ќе изгледа како Втора светска војна, исто како што предвиде ѓефот на украинската дипломатија“, рече Рајан.

„Но, на крајот на денот, Русите ќе претрпат уште поголеми загуби со таквиот пристап“, рече пензионираниот американски генерал, додавајќи дека „крајната цел на Путин е да остане на власт бидејќи нема многу опции во случај да ја загуби власта во Русија.”

 

Loading...