Водата ги топи мастите

Сподели со своите пријатели

Човек или е гладен или е жеден. И двете чувства се поврзани со хистамин. Често, сепак, кога мислиме дека сме гладни, всушност чувствуваме жед. Ако испиеме 2 чаши топла вода 30 минути пред јадење или штом почувствуваме глад, ем ќе се наполниме со вода, ем ќе отфрлиме некој непотребен килограм.

Водата го убива апетитот и го полни механички желудникот и тогаш ќе изедете онолку храна колку што ви е потребна. Покрај тоа помага и за ослободување од веќе наталожените маснотии. При нивното разградувањето тие се исфрлаат претежно со урината. Заедно со нив организмот се чисти и од натрупаните отрови.

Loading...

Дури и да не сте на диета, поголемото количество вода сама по себе влијае врз намалување на тежината и за помалку од еден месец ќе намалите меѓу 3 и 5 килограми. Ако комбинирате водата со умерен режим на исхрана со протеини, зеленчук и овошје, редукцијата на килограми станува уште полесна. Водата активира и некои ензими кои горат мастите, го забрзува метаболизмот, а со тоа и слабеењето. Ефектот на слабеење се зголемува ако додадете сок од половина лимон или малку сол во водата.