Во техничкото училиште во Куманово во мултиетнички дух се прослави Бадник

Сподели со своите пријатели

Средното општинско техничко училиште „Наце Буѓни“ денеска беше домаќин на заедничката прослава на Бадник и Божиќ на учениците Македонци и Албанци, под мотото „Празниците зближуваат“.

Loading...

Прославата е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и ОБСЕ, а истиот се одбележува од 2012 година.

– По повод Бадник обичаите на православната вероисповед ги покажуваме на другите заедници што се во нашето општество, тие секогаш ни се добредојдени да ги видат обичаите, на помладите генерации да пренесеме традиционално кои се нашите обреди, поблиску да се запознаа со верата и традицијата, а воедно тоа е и наша програма кога чествуваат и други националности по нивното верско убедување Отсекот за превенција организира такви одбележувања, изјави Стојанче Величковиќ, началник на СВР Куманово.

Техничкото училиште трета пат е домаќин на ваква манифестација, а воедно и иницијатор на истата. А во име на соживотот засадија и дрво.

– До ден денес продолжуваат овие активности за надминување на ралзиките помеѓу младите. Значењето на дрвото е соживот меѓу верите и обичаите што ги имаме на овие простори, ова е прв пат и се надевам дека ваквата симболика ќе продолжи, изјави директорот на ОСТУ „Наце Буѓони“ Драган Јаневски.

Инаку заедничкото одбележување на празниците од повеќе националности помага во подобрување на меѓуетничките односи на најмладите во општеството и изградба на мир, љубов и соработка.

Освен СВР Куманово и училиштата, во проектот е вклучена и Општина Куманово.

Leave a Reply