На телевизија Алфа вечерва започнува еден поинаков ријалити формат, а станува збор за музичкото шоу „На иста адреса“.
Во луксузната вила во скопската населба Бардовци, во близина на седиштето на телевизијата, шест машки и шест женски учесници ќе се натпреваруваат за прво место.
Покрај 12-те пејачки таленти, со нив ќе влезат и стилистот Златко Јовановски и фризерот Даниел Николовски. Водител на програмата која ќе се емитува шест часа дневно е Марко од емисијата „Дај побрзај“.
Секоја сабота ќе има два настапи во живо, а првите две недели никој нема да испаѓа, додека потоа според гласовите за публиката, секоја сабота, еден учесник ќе си замине дома.
Покрај останатите учесници во ријалити програмата, според изворите на нашиот портал, од Куманово ќе влезе и Марио Арангеловски, додека Мартинијан Кириловски иако бил повикан сепак одличил да не ја прифати понудата.
Победникот добива цел музички албум, а кој ќе биде тоа ќе дознаеме за сто дена, колку што и ќе трае овој ријалити формат.