Американските власти синоќа соопштија за првиот забележан случај на зараза од многу попреносливата мутација на новиот коронавирус што се појави во Велика Британија.
Случајот е забележан во сојузната држава Колорадо.
-Денеска во Колоради го откривме првиот случај на Ковид-19, варијанта Б.1.1.7, истата онааа откриена во Обединетото Кралство, истакна синоќа во порака на Твитер Џаред Полис, гувернер на Колорадо.
Додаде дека здравјето и безбедноста на Колораѓани е врвен приоритет, и дека „властите блиску го следат случајот и сите други Ковид-19 индикации“.
Мутацијата е забележана кај маж на возраст во своите 20-ти години, кој сега се наоѓа во изолација во округот Елберт. Се дознава дека инфицираниот немал историја на патувања во последно време.
Според здравствени експерти, британската варијанта на вирусот најверојатно не е посмртоносна од претходно идентификуваните варијанти.
Многу земји ги забранија летовите од Велика Британија, авиопревозници што летат од Лондон во САД, сега ги тестираат патниците а позитивните ги враќаат назад.
Според Јавното здравство на Англија, првичните анализи покажале дека оваа варијнта можеби е попренослива, но дека нема докази од поголем ризик за хоспитализација или смрт.
Борис Камчев, САД