Во Русија нема извештаи за дефекти во ИТ системите на аеродромите

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за дигитален развој не добило никакви пријави за дефекти во компјутерските системи на аеродромите во Русија поврзани со проблеми во работењето на програмите на Мајкрософт, соопшти прес-службата на тоа министерство.

Loading...

Министерството наведува дека денешната глобална состојба во однос на програмата на Мајкрософт уште еднаш ја покажува важноста од замена на увезениот странски софтвер, пред се во објектите на критичната информатичка инфраструктура, пренесува Интерфакс.

Во исто време, меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва соопшти дека работи нормално и дека влезните и појдовните летови на руските и странските авиокомпании се одвиваат според планот, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕП ја изгласа новата Европска комисија

За проблеми и прекини во ИТ мрежите, вклучително и банките, телекомуникациските компании, медиумите и авиокомпаниите, денеска беа пријавени ширум светот, а погоден е и компјутерскиот систем на Летните олимписки игри во Париз, кои почнуваат за една недела, јавуваат светските медиуми.

Мајкрософт објави дека презема „дејства за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, кои предизвикаа технички проблеми и прекини во компаниите и банките ширум светот.

Компанијата за сајбер безбедност Crowdstrike, која произведува антивирусен софтвер, се верува дека стои зад глобалните проблеми со оперативниот систем Виндоус кои ги нарушија ИТ услугите, објави Би-Би-Си.

Според некои извештаи, Crowdstrike објави софтверска надградба која почна да ги уништува уредите што работат на оперативниот систем Виндоус и да предизвика таканаречен „син екран на смртта“ на компјутерите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европскиот парламент ја потврдува новата Европска комисија

Засега не е јасно дали овие проблеми се поврзани или само се случуваат во исто време, но сигурно е дека ќе предизвикаат многу проблеми, пренесува Танјуг.

Loading...