Во продолжение: КК Куманово загуби од Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Со три коша разлика, во продолжение, екипата на Карпош Соколи го совлада КК Куманово со резултат 98-95.

Loading...

Соколи ја зацврстија одбраната во последниот период и користејќи ги неколкуте грешки во организацијата на кумановци,  а со поените на Кнежевиќ на помалку од 2 минути до крајот, стигнаа и до водство од 81-80. Во трилер завршницата, Мијајловиќ погоди едно од двете слободни за Соколи и донесе предност за својот тим од 86-84, но Куманово во последните 5 секунди, преку асистенцијата на Костоски и забивањето на Луковиќ го изедначи резултатот на 86-86 и го одведе мечот во продолжение.

Рајс и Ворен постигнаа 11 поени за Соколи во првите три минути и користејќи ги промашувањата на спротивната страна на кошаркарите на Куманово, креираа предност за својот тим од 97-89. Мандиќ погоди три поени за Куманово, дополни и Костоски со уште една тројка за намалување на 97-95, но остана премалку време на семафорот за нов пресврт и Кристофер Ворен со погоденото едно слободно фрлање на помалку од 2 секунди до крајот, само ги постави конечните 98-95.

Игор Мијајловиќ со 16 поени и 14 асистенции, како и Душан Кнежевиќ со 20 поени и 11 скокови беа носители на победата на Карпош Соколи, Рајс со 19 поени и Ворен кој додаде 18 поени. Во екипата на Куманово, Александар Костоски реализираше 29 поени со 7 асистенции, а Мандиќ додаде 28 поени со 9 скокови. На Димитар Караџовски му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл учинок, завршувајќи го натпреварот со 16 поени, 10 асистенции и 9 скокови, а дабл-дабл оствари и Луковиќ со 10 поени и 13 скокови.

Со оваа победа, Соколи се изедначуваат со Работнички на делба на третото место, со бод помалку и натпревар помалку од второпласираниот Фени Индустри.

Куманово останува на петтото место на табелата со бод помалку од денешниот ривал. Овие две екипи ги очекуваат нови натпревари викендов, кога ќе се играат заостанатите средби од второто суперлигашко коло. Куманово ќе го пречека Кожув, а Соколи гостуваат на Работнички во градското дерби.

Извор:МКФ

фото: Спортклуб

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *