Повеќе делови од Куманово и Липково во понеделник привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во период од 06:45 до 12:30 часот прекини ќе има на дел од улицата „11 Ноември“, поточно м.в. Расадник, како и станицата за технички преглед „Ауто-фер“.
Од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај Здружението на возачи кај Железничка станица.
Без струја во понеделник ќе биде дел од село Доброшане, поточно објектот на „Игор 97“ во период од 12:00 до 14:00.
Во период од 06:45 до 12:30 без струја ќе бидат липковските села Оризаре, Опае, Слупчане, Алешевце, РУница, Извор и Белановце.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

