Во Полска пронајден нацистички воз полн со злато (видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца луѓе во Полска тврдат дека пронашле нацистички воз натоварен со злато и драгоцености кои, според локалната легенда исчезнале во Втората светска војна додека Германците бегале од советските сили.

Loading...

Марика Токарска, службеник во Балбажин, град на југозападот од Полска, во кој е наводно откриен возот, вели дека властите добиле дописи од адвокатска фирма која ги претставува двајцата пронаоѓачи, еден полски и еден германски државјанин, кои инсистирале на анонимност, а бараат 10% од вкупната вредност на сокриеното богатство во замена за откривање на неговата локација.

Токарска вели дека властите сериозно ја сфатиле нивната приказна и дека договориле состанок со пожарникари, полиција и други претставници на власта за да се договорат како да се извлече возот за кој се сомнева дека би можел да биде поврзан со експлозив.