Во петок изложбен приказ на Давид Стојановски во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во петок со почеток од 19:30 часот ќе биде отворен концептуален изложбен приказ „El Verdugado“ на мр. Давид Стојановски.

Loading...

Концептуален изложбен приказ на костимите преку различни временски периоди.

„El Verdugado“ под формата на концептуален изложбен приказ го инкорпорира уметничкиот, авторски израз под секоја форма на артистизам. Обединувајќи ја скулптуралната, фотографската, сликарската, текстилната и архитектонска умешност,  „El Verdugado“ претставува катарксистичко отсликување на круцијалното костимографско поимање низ трансформиран образ на епохални секвенци од костимографскиот дискурс.

Проникнувајќи во облеката на античкиот хабитат, разминувајќи се низ парадигмите на уметничката периодизација, па до денес, изложбата битува низ манипулативниот пристап применет врз правилата и нормите, предимензионирани, трансформирани или интерпретирани до естетска, гротескна, парадоксална или кохезивна форма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња (ВИДЕО)

Тематски определената реалност во реалноста насловена како „El Verdugado“ се стреми низ процес на изолација, костимографската презентнос да ја извлече надвор од конвенционалноста на нормативниот приказ во кој егзистира, доближувајќи ја до публиката во извод на начин нестандарден за истата.

Како и самиот наслов кој во себе го крие името на дел од женскиот костим на ренесансата во Шпанија, изложбата пристапува кон историјата на костимот и костимографскиот презенс, длабоко разгледувајќи ги најексцентричните елементи на костимот, ретроспективно презентирајќи ги под разнообразни форми на модерен, уметнички израз.

Никола Ивановски