Во овој град е измерена рекордно највисоката ноќна температура

Сподели со своите пријатели

Во Куријати, Оман неодамна е забележана највисоката ноќна температура во историјата на човештвото: 42,6 степени целзиусови во плус, пренесува CNN.

Тој податок потекнува од 26. јуни, а притоа станува збор за најниска температура во период од 24 часа измерена во Куријати, град со околу 50.000 жители.

Рекордот го забележал метеорологот Максимилијано Херера.

ЖИВОТ НА +50: Места на кои не би сакале да живеете во лето (ФОТО)

Loading...

И претходниот таков температурен рекод забележан е во Оман, на аеродромот во Касаб, 600 километри од Куријати кај границата со Обединетите Арапски Емиарти.

Метеорологот на CNN Брендон Милер вели дека причина за тоа се неколку фактори. Куријати и Касаб се наоѓаат во Оманскиот залив каде температрата на водата редовно достигнува 30 степени.

Кога се високи температурите од Арапскиот полуостров и топлиот влажен воздух од Оманскиот залив тие се среќаваат и се добива екстремно висок тополотен индекс и исклучително високи температури во текот на ноќга затоа што воздухот не може да се разлади поради влжаноста, објаснува Милер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужнокорејскиот претседател се извини за обидот да воведе вонредна состојба

Leave a Reply