Во Москва почина директорот на Лукоил

Сподели со своите пријатели

Равил Маганов, шефот на рускиот нафтен гигант Лукоил, починал во четвртокот откако паднал од прозорец во болница во Москва, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

Loading...

За неговата смрт објави и руска Правда.

„Телото на потпретседателот на нафтената компанија Лукоил Равил Маганов е пронајдено во Москва. Ова беше објавено на каналот Mash Telegram. Според изворот, телото е пронајдено во близина на Централната клиничка болница на улицата Маршал Тимошенко. Бизнисменот пристигнал во медицинската установа пред смртта.Телото го пронашол болничкиот персонал“.

Руските медиуми јавуваат дека истрагата е во тек.

Во 1980-тите Маганов работеше во Лангепаснефтегаз, кој подоцна стана дел од Лукоил.

Од основањето на акционерското друштво извршувал раководни позиции во Лукоил.

Во 2020 година, по смртта на претседателот на одборот на директори на нафтената компанија, Валери Грајфер, тој стана шеф на одборот, пишува Интерфакс.