Во 13:00 часот во просториите на Министерството за образование и наука, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе оствари средба со повеќе претставници на академската и експертската заедница во чиј фокус ќе биде безбедноста во училиштата и спречувањето насилство помеѓу младите.
Loading...
По средбата, како што информираат од МОН, ќе следуваат изјави за медиумите.
Ваквата средба доаѓа по немилиот настан во кој беа убиени повеќе деца во училиште во Белград, настан што ги вклучи црвените аларми низ целиот регион.
Никола Ивановски