Во Мексико запленети 4.700 литри кристал мет

Сподели со своите пријатели

Мексиканската влада соопшти дека властите заплениле 4.700 литри кристален мет во северозападниот град Кулијакан, во државата Синалоа, во она што се смета за најголема заплена во земјата.

Loading...

Мексиканската војска соопшти дека дрогата била откриена кога војниците упаднале во магацини и лаборатории за дрога во Хигерас де Абуџа, а според портпаролот на армијата, заплената е тежок удар за криминалната група зад лабораториите, пренесува Би-Би-Си.

Американски CBS News објави дека се запленети 4,9 тони дрога вредна 40 милиони долари, како и повеќе од 3.170 галони хемиски прекурсори што се користат за производство на метамфетамин, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ватикан за здравјето на папата Франциско: „Ноќта ja помина добро “