Во Манила огромен пожар уништи историска зграда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Огромен пожар ја уништи историската зграда на поштата во главниот град на Филипини, Манила.

Loading...

Повеќе од 80 противпожарни возила се испратени на местото на пожарот што избувна доцна во неделата, соопшти филипинската канцеларија за противпожарна заштита.

Густ црн чад се издигна стотици метри во воздухот додека пламените јазици ја зафатија централната пошта во Манила.

На пожарникарите им биле потребни повеќе од 7 часа да го стават пожарот под контрола.

„Целата зграда изгоре, од подрумот до петтиот кат“, изјави Луис Карлос, генералниот директор на поштата на Филипините, за радиото DZBB.

Причината за пожарот се истражува, додаде тој. Генералниот директор на поштата и главен извршен директор на филипинската поштенска корпорација Луис Карлос рече дека пожарот брзо се проширил бидејќи иконската зграда не била опремена со прскалки.

„Запалена е целата библиотека со поштенски марки“, вклучително и националната колекција на комеморативни и антички поштенски марки, рече Карлос.

Тој додаде дека целата структура е важна затоа што се работи за наследство, а најави реставрација и реновирање на објектот.

Loading...

Изградена во 1926 година, зградата на поштата некогаш се сметала за „најголема зграда“ во Манила, според нејзината веб-страница.

Била уништена за време на Втората светска војна, кога американските сили повторно го зазеле главниот град од окупаторските јапонски сили, пред да биде повторно изградена во 1946 година.