Вкупно 375 странски државјани, од кои 115 од машки и 91 од женски пол, како и 168 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште едно дете кои патува без придружба на родител, искажале намера за поднесување на барање за признавање на право на азил во текот на вчерашниот ден, јавува МВР.
Според државјанството, потврди се издадени на 334 државјанин на Сирија и 41 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.