Во кумановско Четирце спречен шверц на Сиријци

Сподели со своите пријатели

Пет лица мигранти од Сиија биле откриени во кумановското село Четирце, но криумчарот кој ги превезува им избегал на полицајците

Loading...

– На 24.09.2023 околу 18.40 часот на влез во с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот забележале како од патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти, по што возачот не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и го напуштил местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полициајта, на местото биле затекнати пет лица мигранти од Сирија кои биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во сопштението.

Никола Ивановски