Во Куманово започнува кампања за заштита од природни непогоди

Сподели со своите пријатели

Кампања за заштита од природни непогоди ќе започне во Куманово, а со неа ќе бидат опфатени општинските основни и средни училишта.

Loading...

 

 

Кампањата ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со чии претставници денеска се сретна градоначалникот Максим Димитриевски.

– Во рамки на кампањата за заштита од природни непогоди, остварив средба со претставници од Дирекција за заштита и спасување на која ги презентираа активностите, како дел од кампањата која започна на први февруари и ќе трае до крајот на месецот, информира Димитриевски.

 

Loading...

 

Од денеска претставниците на ДЗС ќе ги посетата општинските основни и средни училишта при што ќе ги информираат и едуцираат учениците со презентации и обуки како да се заштитат од природни непогоди и други несреќи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

 

 

Во рамките на оваа едукативна кампања ќе бидат поделени флаери и семејни прирачници за подигање на свеста кај учениците за справувањето од елементарна непогода од секаков вид.

Никола Ивановски