Во Куманово е откриена нелегална продажба на алкохол и тутун

Сподели со своите пријатели

Како што информира Царинската управа,  на 24 и 25 јуни 2015 година, извршени се контроли во 176 малопродажни објекти и ресторани на целата територија на Република Македонија.

Loading...

Од извршените контроли, откриени се 27 случаи на нелегална продажба на акцизни добра (алкохол и тутун) при што се привремено задржани 238 литри алкохол и 11 килограми режан тутун за пушење, за што се спроведуваат законски предвидените прекршочни или кривични постапки.

tutun

Минималните казни за прекршоци се 3000 евра за правното лице и 500 евра за одговорното лице во правното лице, како и забрана за вршење на дејност при повторување на прекршокот, додека за кривичните постапки е предвидена парична казна и казна затвор.

Неправилности се откриени во 11 градови во Македонија и тоа во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Велес,  Делчево и Неготино.

Царинската управа согласно плановите, ќе продолжи со редовни контроли на акцизните добра во малопродажба на целата територија на Република Македонија со цел спречување на нелегален промет на акцизни добра и заштита на конкурентноста, спречување на неплаќање на давачки и заштита на здравјето на луѓето кое може да биде загрозено со употреба на вакви непроверени производи.