Истражувањето на 17.000 испитаници покажало дека Американците ја сметаат Швајцарија за најдобра земја за минување на пензионерските денови.
Исто така, според резултатите, станува збор за Американци кои често се одлучуваат да ја поминат староста надвор од границите на својата земја од повеќе причини, меѓу кои најважни се пониските трошоци за живот, подобра здравствена заштита, пријатна клима итн.
Швајцарија на прво место
Според мислењето на најголемиот број испитаници за потребите на ова истражување, Швајцарија може да им понуди најмногу на американските пензионери, благодарение на тоа што има „пријателски“ даночен систем, но и затоа што е правна држава во која граѓаните знаат на што можат да сметаат.
Исто така, има високо развиен и достапен здравствен систем.
На второ место е Португалија, каде што трошоците за живот се значително пониски отколку во САД и има пријатна клима.
По неа е Австралија поради географските привлечности и пријателското население, а на неа е Нов Зеланд, кој генерално важи за „среќна и безгрижна“ земја.
На петтото место е Шпанија со умерена клима, многу културни содржини и програмата „златна виза“, која им овозможува на богатите пензионери полесно да дојдат до документи доколку купат скапи недвижности во таа земја.