Во Калифорнија 34 милиони луѓе во опасност од поплави

Сподели со своите пријатели

Обилните врнежи и бури кои започнаа викендов во американската сојузна држава Калифорнија предизвикаа ризик од поплави за 34 милиони луѓе во областа.

Loading...

Официјални лица објавија дека во таа држава досега загинале 15 лица поради обилните врнежи и бури, пренесоа американските медиуми.

Најголем дел од смртните случаи се предизвикани од сообраќајни несреќи, паѓање дрвја и поплави поради временските услови, а надлежните наведуваат дека жена чиј автомобил бил зафатен од поплава спасиле луѓето околу неа, како и дека петгодишно дете исчезна во поплавите.

Шерифот на округот Сан Луис Обиспо, Тони Ципола, рече дека се во тек напори за лоцирање на исчезнатите.

Околу 32.000 луѓе во регионот Санта Круз и 10.000 луѓе во регионот Санта Барбара се евакуирани поради опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Во источниот дел од земјата е забележано дека паднале речиси два метри снег, а некои од главните патишта околу планините се затворени за сообраќај поради опасност од снежни лавини.

Околу 225.000 домови и деловни објекти во регионот Санта Клара останаа без струја.

Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување на вонредна состојба на 8 јануари поради силно невреме, ветер и дожд во сојузната држава Калифорнија.

Loading...