Во изминатите 24 часа во Појасот Газа убиени 97 лица

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство на Хамас денеска објави нов биланс на жртви, дека 30.631 Палестинец се убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација.

Loading...

Како што е соопштено, во изминатите 24 часа загинале 97 лица, а 123 се ранети.

Од 7 октомври, кога започна војната, ранети се вкупно 72.043.

Повеќето од жртвите се жени и деца, соопшти Министерството, а се верува дека илјадници тела се под урнатините низ Газа и не се вбројуваат меѓу жртвите.