Во експлозија во Северна Ирска загинаа седум лица

Сподели со своите пријатели

Северна Ирска доцна во петокот ја потресе силна експлозија на бензинска пумпа, при што загинаа најмалку седум лица.

Loading...

Полицијата досега потврди седум смртни случаи по експлозија на бензинска пумпа во Северна Ирска.

Неколку лица сѐ уште се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на загинатите може да се зголеми.

Експлозијата се случила на бензинската пумпа „Еплгрин“ во селото Крислау.

Во соопштението, Универзитетската болница Летеркени рече дека се занимава со „сериозен инцидент во кој учествувале голем број повредени лица и бара итна помош“.

Тие истакнаа дека се во итна готовност, пишува Би-Би-Си.

Ирскиот премиер Мишел Мартин им изрази сочувство на семејствата и пријателите на жртвите и на целата заедница во Крислау, на „најтемниот ден за Донегал и за целата земја“.

Тој им се заблагодари на членовите на службите за итни случаи од целиот Северозапад и Северна Ирска.

Loading...

Тој рече дека „работеле цела ноќ во крајно трауматични околности“. Адријан Меколи од Лондондери поседува стан зад бензинската пумпа.

„Се чини дека местото е уништено“, опиша тој.

Ирскиот пратеник Џо Мекхју рече дека луѓето во областа биле „парализирани“ од шок.

„Тие се обидуваат да дознаат за пријателите и роднините и играат игра на чекање вести“, изјави тој за BBC News NI.

„Тука е многу надреална ситуација и знаеме дека нè очекуваат тешки времиња. Тоа е место каде што луѓето се среќаваат. Тоа е трагедија“, заклучи тој.