Во два одвоени случаи во текот на вчерашниот ден спречен обид за криумчарење на вкупно 17 мигранти, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
Имено во првиот счучај вчера рано наутро околу 7:50 часот на автопатот во близина кај с.Смоквица од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Рено“ со скопски регистерски ознаки во кое влегувале повеќе лица-мигранти, а потоа заминало во правец на Скопје. Полициските службеници му дале знак на возачот да го сопре возилото, истиот се оглушил на нивната наредба и продолжил да се движи и на околу 300 метри го запрел возилото и заедно со дел од мигрантите се дал во бегство. Подоцна од страна на страна на полициските службеници биле пронајдени и приведени 12 лица – мигранти од Алжир кои се превезувале во возилото. Веднаш потоа истите биле спроведени во Прифатниот центар за странци – Скопје.
Во вториот случај вчеравечер околу 20:35 часот од страна на УПС од Полициската станица од Општа надлежност – Неготино во близина на клучката кај Неготино на автопатот правец Гевгелија- Скопје било извршено запирање на патничко моторно возило марка „Матиз“ со велешки регистерски ознаки но истиот на дадениот знак не застанал туку го продолжил движењето.
Полициските службеници со службено возило се упатиле по него по што возилото било престигнато и запрено кај м.в. „Полна Цигла“. Од страна на полициските службеници во возилото биле затекнати возачот М.Ѓ.(32) и пет мигранти.
Истите по распитот биле спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Полицијата работи на целосно расчистување на двата случаи.