Во четврток на градскиот кеј ќе се возат велосипеди во рамки на ”Ден без автомобили”

Сподели со своите пријатели

По повод манифестацијата „Европска недела на мобилност 2015“, која се одржува од 16 до 22 септември,  Општина Куманово ќе се вклучи во одбележување на европската кампања токму на 22 септември кога се одбележува Денот без автомобили.

Loading...

Како што информираат од Општина Куманово, во четврток /22 Септември/  од 12:30 до 13:00 часот на градскиот кеј (тениски игралишта) ќе се одбележи „Ден без автомобили”, така што симболично учесниците во настанот ќе возат велосипеди на булеварот Октомвриска револуција, и со тоа ќе се упати силна порака за мудро одбирање на начин на секојдневен транспорт и придонес во намалување на загадување од транспортот.