Во четврток и петок нов влажен бран со обилни врнежи и невреме

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно време со сончеви периоди за денеска најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 17, а дневната од 23 до 29 степени.

Loading...

Во Куманово денеска не очекува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и слаб ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од минимални 13, до максимални 25 степени целзиусови.

Во четврток кон крајот на денот нашето подрачје ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитернот, од која се очекваат обилни врнежи од дожд проследени со ѓрмежи, засилен ветер и појава на град, локално во форма на невреме, има услови да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Националната хидрометеоролошка служба излезе со жолто предупредување за невреме со грмотевици во периодот од четврток наутро до петок попладне.

Што се однесува до Куманово и околината во четврток не очекува релативно многу дожд, проследен со грмотевици, на места во форма на невреме со град и силен ветер. За четврток се најавуваа минимални 14, а максимални 25 степени целзиусови.

Слични временски услови може да очекуваме и во петок, кога температурата за разлика од четврток ќе опадне за два степени, па така минималната ќе биде 12, а максималната 23 степени.