Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, следната среда, односно 28-ми и 29-ти октомври, ќе биде домаќин на филмскиот „Фестивал на тркала – Недела на балкански филмови“.
На програмата ќе имате можност да погледнете неколку филмови од регионот, а фестивалот најприв во среда во 17 часот ќе биде отворен со Филмска работилница, на која предавач ќе биде фотографот Коста Дупчинов, кој ќе говори на темата: Преку кастинг до улога во филм.
Веднаш по завршување на работилницата во 18 часот ќе може да се проследи бугарскиот филм „Sneakers“, а истата вечер на програмата од 20 часот ќе биде филмот „Kotlovina“ од Хрватска.
Веќе во четврток, на 29-ти е се посвети внимание и на најмладата публика, така што со почеток во 11:30 часот ќе се одржи проекција на анимираниот филм за деца „Knight Rusty“.
Истиот ден со почеток од 18 часот на програмата ќе биде грчкиот филмот „Xenia“, а веднаш потоа од 20 часот ќе се емитува филмот „Femrat “ на албански јазик.
Влезот за сите проекции во давата дена од филмскиот фестивал ќе биде слободен, а во продолжение погледнете ги официјалните трејлери за сите филмови.
Бугарскиот филм „Sneakers“
https://www.youtube.com/watch?v=S_b_hiBLSOs
Хрватскиот филм „Kotlovina“
Детскиот анимиран филм „Knight Rusty“
Грчкиот филм „Xenia“
Филмот на албански јазик „Femrat“
https://www.youtube.com/watch?v=wf4d5-GpB4s