Во Белорусија почна судењето на опозициската политичарка Светлана Тихановска

Сподели со своите пријатели

Во Белорусија денеска почнува судењето на лидерката на опозицијата Светлана Тихановска, која е во егзил и е обвинета за предавство, јавува Ројтерс.

Loading...

Државната новинска агенција Белта објави дека судењето започна утринава, а на Тихановска и на уште неколкумина им се суди за предавство и обид за преземање на власта, беше објавено пред почетокот на судскиот процес, за кој отворениот критичар на претседателот Александар Лукашенко тврди дека е „фарса и шоу“, вели таа британска агенција.

Тихановска (40), која се соочува со можна казна затвор до 15 години, побегна од Белорусија откако се кандидираше против Лукашенко на претседателските избори во 2020 година, што беше проследено со масовни протести поради наводна изборна измама.

По задушувањето на демонстрациите, таа стана лидер на опозицијата во егзил, а не ги призна изборите на кои Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, доби нов мандат.

Белоруската политичарка, која сега живее во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави за Ројтерс во Давос, Швајцарија дека не очекува судењето да биде фер.

„Во Белорусија нема фер судење. Кај нас живееме во апсолутно беззаконие, така што утрешното судење ќе биде фарса и шоу, но не и фер“, рече Тихановска во понеделникот во интервјуто на маргините на Светскиот економски форум.

Еден ден пред почетокот на овој судски процес, Белорусија покрена нова кривична постапка против нејзиниот сопруг, белорускиот опозициски политичар Сергеј Тихановски, кој веќе е осуден на 18 години затвор.

Истражниот комитет на Белорусија соопшти дека Тихановски сега се соочува со обвиненија за „злонамерна непослушност кон барањата на управата на воспитно-поправниот дом“.

Loading...

Тихановска, 43-годишен видео блогер и активист, планираше да го предизвика претседателот Александар Лукашенко на претседателските избори во август 2020 година, но беше уапсен во мај, два дена откако ја објави својата кандидатура.

Наместо него на претседателските избори се кандидираше неговата сопруга Светлана Тихановска.